Добредојдовте на страницата „Рекламации“ на Sparta Fitness Solutions. Оваа секција е наменета за обезбедување информации за процесот на рекламација со цел да се осигура дека вашите искуства со нашите производи ќе бидат што е можно попријатни и поефикасни.

1. Пакување и ракување со роба:
Ве молиме внимателно да ракувате со робата при превземање и отворање на пакетот. Производите се внимателно запакувани за да се минимизира можноста за оштетување за време на транспортот. При превземање задолжително проверете ја состојбата на пакетот.

2. Право на рекламација:
Купувачот има право на рекламација на физичко оштетување на справата во рок од 24 часа од моментот на испорака. Накнадни рекламации за физички оштетувања нема да можеме да ги реализираме. Во други случаи на потенцијално неисправно функционирање, можете да го користите правото на гарантен рок за недостатоци, водејќи сметка дека вашето барање за рекламација ги задоволува условите, како и претходно правилно користење и одржување на справите, како и самиот процес на составување на справите. Sparta Fitness на секој купувач по барање ќе испрати инструкции и алат за составување на справите, доколку купувачот го побара тоа.

3. Гаранција:
Сета опрема од категориите справи и кардио програма има две години гаранција која тече од моментот на издавање на фактурата или испораката.

4. Процес на рекламација:
За поднесување на рекламација, ве молиме да ги следите следните чекори:
– Подгответе слики од производот кои јасно го прикажуваат оштетувањето, недостатоците или неправилното функционирање на производот.
– Доколку е можно, подгответе и видео запис од оштетениот производ за да можеме подобро да го утврдиме проблемот.
– Испратете ги сликите и/или видеото заедно со детален опис на проблемот на нашата електронска пошта: reklamacije@spartafitness.rs или пополнете ја формата под овој текст.

5. Обработка на рекламацијата:
– Почетниот одговор можете да го очекувате во рок од 3 работни дена од приемот на вашиот емаил.
– Самата реакција, сервис или замена на дел, доколку за тоа постои потреба, ќе ја извршиме во рок до 30 работни дена од приемот на вашата рекламација. (Секогаш се трудиме да биде и порано, но тоа не можеме да го гарантираме.)

6. Трошоци и покриеност на гаранцијата:
Ако утврдиме дека неисправноста или недостатокот потпаѓа под гаранција, сите трошоци за испраќање на нов дел, замена или сервис ги презема Sparta Fitness Solutions. Во спротивно, ако проблемот или недостатокот настанал поради неправилно ракување или други причини, трошоците за делот, сервисот, замената, како и поштарината ги сноси купувачот.

Ги известуваме сите купувачи дека рекламацијата, сервисот, замената или било каква форма на интервенција е можно да се изврши исклучиво на местото каде што робата е испорачана, и доколку ја преместите робата на друго место, имате обврска справата да ја вратите на местото на испорака или во спротивно да ги надоместите трошоците за пат на новата локација која гаранцијата-рекламацијата не ја покрива.

Контакт информации:
– Емаил: reklamacije@spartafitness.rs

Ви благодариме што го одбравте Sparta Fitness Solutions. Нашата цел е да ја осигураме вашата потполна сатисфакција и да ви ја пружиме најдобрата можна услуга. Доколку имате било какви дополнителни прашања, слободно контактирајте не.