Двострана троракна бариера претставува идеално решение за контрола на движење на луѓе при влез и излез од канцеларии, театри, музеи, тематски паркови и слични објекти. Благодарение на својот елегантен дизајн, овој премин зафаќа минимална површина, што го прави погоден за простори со ограничен капацитет.
Електромагнетната брава, која е срцето на овој уред, обезбедува долготраен и сигурен работен век со малку или никаква потреба за одржување и замена на делови, доколку уредот се редовно сервисира и се користи со UPS напојување за заштита на електрониката од нестабилност во напојувањето.
Овој модел може да пропушти помеѓу 30 и 40 лица во минута (без време за валидација на картичката).
Преминот работи мазно и овозможува брз и сигурен проток на пешаци во контролирани зони и надвор од нив.
Сепак, треба да се има на ум дека се работи за премин со низок степен на безбедност кој се користи во простории каде што е потребен контролиран и дисциплиниран проток на луѓе, со присуство на обезбедување.
Преминот може да се интегрира со голем број уреди за контрола на пристап, како што се proximity картички, биометриски читачи, баркод и QR читачи, системи за препознавање на лице и слично. Во случај на итна ситуација, рачките автоматски се спуштаат, овозможувајќи брз и непречен излез од објектот.
Вградените LED светла сигнализираат режими „Дозволен премин“ и „Забранет премин“, како и статус на авторизација на картичката преку црвена и зелена светлина.

